Тлото не мирува: Силен земјотрес го погоди Охрид

 

Во Охрид и околните населби претпладне во 11:39 часот е регистриран земјотрес, кој, според првичните информации, бил со магнитуда од 3,9 степени по Рихеровата скала, со епицентар седум километри северозападно од Ресен, на длабочина од пет километри во земјината кора.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета, освен вознемиреноста на граѓаните кои излегоа пред своите домови стравувајќи од последователни потреси.

Претходно, во 9:58 минути во охридското епицентрално подрачје беше регистриран земјотрес со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот, почувствуван во Охрид и околината, бил со интензитет од три степени според Европската макоросеизмичка скала.

Од 18. минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена. Најсилниот се случи на 20 минатиот месец во 15 часот и 10 минути и беше со магнитуда од 3,6 стпени според Рихтер.

 

 

 

 

02.07.2017 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега