Мерки за претпазливост за обвинетите во „Таргет“ и „Тврдина“

Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека Кривичниот совет донел решение за предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) од петокот со кои се бараше определување мерки за обезбедување присуство и мерки за претпазливост НСК – КО бр. 17/15 поврзан со предметите во јавноста познати како „Таргет“ и „Тврдина“.

- Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по разгледување на предлогот, како и ценење на приложените факти и доказите  донесе решение со кое предлогот за определување мерка притвор против обвинетите С.М., Г.Г., Н.Н., Т.Ј. и Н.Б., се одбива како неоснован. По повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост. С.М., Г.Г. и Н.Н. имаат обврска еднаш неделно да се јавуваат на надлежно службено лице во судот, привремено им се одзема патната исправа и имаат забрана за издавање нова патна исправа, информира Основниот суд Скопје 1.

Обвинетиот Н.Б., исто така, има обврска еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот, а изречена му е и мерка за привремено одземање  патна исправа и службена патна исправа и забрана за издавање нови. Обвинетиот Т.Ј., пак, ќе има обврска  еднаш неделно да се јавува на надлежно службено лице во судот.

Се уважува предлогот за определување мерки за претпазливост на Е.Џ., кој еднаш неделно треба да се јавува кај надлежно службено лице во судот и привремено му се одзема патна исправа и забрана за издавање нова.

Против овие решенија, странките имаат рок за жалба од три дена до Апелацискиот суд.

- Во однос на вториот предлог кој до судот беше доставен во петокот откако одлуката ќе биде писмено изработена и доставени до странките јавноста ќе биде известена во текот на утрешниот ден, наведува во соопштението Основниот суд Скопје 1.

 

 

 

02.07.2017 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега