Иванов ќе се сретне со Нимиц

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, попладне ќе го прими амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името.

Од Кабинетот на претседателот не се соопштуваат други детали за средбата.

Претходно, Нимиц најави дека доаѓа во Скопје без конкретен предлог, туку со намера од блиску да ги слушне ставовите во врска со надминувањето на проблемот со името на новата македонска влада. 

 

 

 

02.07.2017 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега