Пеколно топло, подоцна нов пресврт - температурите во моментов и до 39 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе настапи нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Утринската температура ќе се движи од 16 до 23, а дневната од 31 до 40 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје слично време, претпладне сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне нестабилно со дожд и појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 35 степени.

Во понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд.  Ќе дува  засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на максималната температура, која во понеделник ќе биде најниска и ќе се движи во интервал од 21 до 29 степени.

Од вторник ќе има стабилизирање на времето со постепено покачување на температурата.

Ова се температурите во моментов измерени низ сите градови во Македонија:

 

 

 

02.07.2017 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега