Кумановци без вода на +40 степени
Во некои населени места се случува вода да нема и по неколку часови, а пак во делови од градот притисокот е намален. Граѓаните апелираат да се нормализира водоснабдувањето и во високите зони, а не само во централното градско подрачје. -Имаме проблеми, вода немаше два дена, ... се снаоѓаме, полниме шишиња –изјави еден од анкетираните. -Често снемува вода особено во недела кога сите перат и прскаат дворови и бавчи. – додаде друг анкетиран. - Кога нема вода, полниме од кај соседите. – објаснува еден од анкетираните.
Високите температури се причина за зголемената потрошувачка на вода во Куманово, која последниве неколку дена ја достигнува максималната потрошувачка за тековната година. Но, и покрај тоа од јавното претпријатие Водовод потенцираат дека нема проблеми со снабдувањето, бидејќи ги имаат потребните количини на вода од водостопанство „Кумановско-липковско поле“, како и алтернативните извори Бедиње и Проевце кои во овој период работат со максимален капацитет. Надлежните апелираат граѓаните да внимаваат и рационално да ја користат водата, за да имаат вода сите граѓани на Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа