Временски непогоди денеска - понесете си чадор

 Времето во Македонија ќе биде променливо и свежо со локални врнежи од дожд, кои попладне ќе престануваат. Ќе дува и засилен северен ветер, а температурата ќе опадне за околу 10 степени.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната од 19 до 29 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6. 

Во Скопје слично време, облачно со локални врнежи од дожд. Утринската температура ќе изнесува 18, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во вторник се уште ќе дува повремено засилен северен ветер, а ќе почне период на стабилно време со постепено покачување на температурата. 

 

 

 

03.07.2017 - 09:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега