Утринава два последователни земјотреси ги разбудија охриѓани

Уште два земјотреса се почувствувани рано изутрината во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентрите на овие земјотреси биле на 10 километри источно од Охрид. Првиот е регистриран во 3 часот и 9 минути со Рихтерова магнитуда 2,8 а беше почувствуван во Охрид, Ресен и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. Вториот се случи во 3 часот и 54 минути со Рихтерова магнитуда 3,7 и интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Според досегашните податоци, земјотресите од оваа серија, која започна од 18 јуни, освен вознемиреност кај населението во охридското епицентрално подрачје, не предизвикале материјални штети.

 

 

 

03.07.2017 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега