Охриѓани во паника – оваа фотографија сведочи за силниот земјотрес (ФОТО)

Земјотрес со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11 часот и 18 минути во охридското епицентрално подрачје.

Според Европскиот сеизмички центар, земјотресот бил со епицентар  на 5 километри северозападно од Ресен, на длабочина од 2 километри. Почувствуван е во Охрид, Струга, но и во Скопје.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридското епицентрално подрачје се регистрирани над 800 земјотреси. Повеќето биле слаби, со Рихтерова магнитуда од еден и два степена.

Ноќеска во 3 часот и 45 минути е регистриран уште еден потрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер.

 

 

 

 

03.07.2017 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега