Евтина струја само за социјално загрозените граѓани

Европската енергетска заедница ѝ препорача на Македонија евтината тарифа за струјата да ја воведе само за социјалните категории и за временски период од две години.

Директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Јанез Копач, кој се сретна со членовите на собраниската Комисија за економски прашања, изјави дека деталите околу предлогот на македонската влада за враќање на евтината тарифа за сите граѓани не му се познати.

„Не знам точно каков е тој предлог. Слушнавме дека имало такво нешто во предизборната кампања, но деталите не ги знаеме. Исклучоци се можни, но мораат да бидат многу оправдани, консултирани со Секретаријатот, временски ограничени и направените трошоци да бидат платени од јавниот буџет, а не од други потрошувачи на електричната енергија“, нагласи Копач.

Од Владата најавуваат дека предлогот за враќањето на евтината тарифа нема да биде во спротивност со регулативата на Европската Унија и оти нема да претставува голем трошок за потрошувачите.

 

 

 

03.07.2017 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега