Кедев, Софијанова, Хаџи Лега, Исмаили ќе бидат разрешени од директорските функции

До крајот на неделата и Сашко Кедев ќе го испразни директорското столче на Кардиологија, дознава Телма од извори во Министерството за здравство. Во пакет со Кедев заминуваат Аспазија Софијанова, Илјаз Исмаили и Марија Хаџи Лега- пишува Телма

На местото на директорот на очната клиника Исмаили доаѓа неговиот колега, офталмологот Беким Татеши, а можен наследник на Софијанова е професорката Стојка Фуштиќ. Се уште не паднала одлука кој ќе продолжи да менаџира со Кардиологија и со Гинекологија, а не се знае ниту дали и кои директори ќе ги заобиколи бранот разрешувања.

Извори во министерството велат дека изминатиот период имало и силни лобирања за Софијанова, но и за Владимир Чадиковски од детска хирургија. Од Министерството за здравство нема официјална потврда за тоа кои директори се следни во низата разрешувања. Официјално е само дека целата процедура ќе заврши до крајот на септември. Директорските смени започнаа со Онкологија.

Прв директорското сточе го испразни Милан Ристески. На негово место дојде Никола Васев. Нов директор доби и Неврохирургија, откако првиот човек на клиниката Александар Чапаровски заврши во притвор заради поткуп. Министерот Тарвари најави и дека ќе ги укине економските директори на клиниките, за што ќе бидат потребни измени во Законот за здравствена заштита.

 

 

 

03.07.2017 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега