Сеизмолозите ќе одржат прес-конференција по земјотресот во Охрид

Екипа на Институтот за земјотресно инжињерство и сеизмологија ќе вршат увид на теренот и ќе излезат со препораки по силниот земјотрес кој што денеска го зафати охридскиот регион, а беше почувствуван во повеќе градови во земјава.

„Во секој момент се очекува на прес – конференција да излезат официјални претставници на Институтот за земјотресно инжињерство и сеизмологија и да дадат стручни видувања за серијата земјотреси во Охридскиот регион. Веднаш по одржување на прес- конференцијата, договоривме екипа на овој Институт да се упати кон Охрид каде на лице место ќе се направи детален увид и анализа состојбата и ќе следат понатамошни известувања и препораки“, изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески

 

 

 

 

03.07.2017 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега