Пеколот попушти, временска за утре - какви вести носат метеоролозите?

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево со пораст на дневната температура. Ќе дува повремено засилен северен ветер особено вдолж Поварадарието и во Пелагонија.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 23 до 31 степен.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.

 

 

 

 

03.07.2017 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега