Судот го одби барањето за притвор за „Титаник“

Основниот суд Скопје 1 - Скопје денеска соопшти дека е одбиено барањето за притвор за лица обвинети во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, а се определени мерки за претпазливост.  

По разгледување на предлозите и ценење на фактите и доказите, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 - Скопје донесе решенија со кои предлогот за определување мерка притвор против Н.Г., М.П., К.Б., М.Ј. и Г.Ј. се одбива како неоснован. По службена должност им се определуваат мерки за претпазливост и тоа обврска обвинетите да се јавуваат кај надлежно службено лице во суд еднаш неделно, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и привремено одземање на дипломатска патна исправа.

Предлогот за определување мерки за претпазливост против К.М., Л.Р., Р.Д., Џ.А., М.Н., Д.Д., Е.Т., М.П., К.Т.,К.В., С.К., Д.А., Л.Р., Г.Ј., Б.Б.Б. и И.Д., се уважуваат и им се определуваат мерки за претпазливост и тоа обврска еднаш неделно да се јавуваат кај надлежно службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и привремено одземање на дипломатска исправа за К.Т., К.В., Б.Б.Б. и И.Д.

Против овие решенија е дозволено право на жалба во рок од три дена до Апелацискио суд.

Кривичниот суд соопшти дека од страна на СЈО во текот на 29 јуни и вечерта на 30 јуни до Основниот суд Скопје 1 – Скопје - одел Кривично полнолетни биле доставени вкупно шест обвинителни акта од кои за пет биле доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки претпазливост против 13 лица, додека во одделението за Организиран криминал и корупција биле доставени вкупно 11 обвинителни акта од кои за 10 беа доставени предлози за определување мерки за обезбедување присуство и мерки претпазливост против 54 лица.

Сите обвинителни акта согласно електронскиот систем за водење на предмети се распоредени на оценка кај судии, и сите предлози, веднаш по приемот беа распоредени на одлучување кај надлежните кривични совети. Во текот на викендот, покрај судиите во кривичните совети беа ангажирани и дополнителни службнеици и доставувачи од судот, и сите предлози беа одлучени во законски утврдениот рок, а по писмента изработка на решенијата истите беа доставени до странките и за донесените одлуки јавноста беше информирана, се наведува во соопштението од Судот. 

 

 

 

03.07.2017 - 18:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега