Земјотресот од 5 степени главен удар по малите - може ли да се очекува нов силен потрес?

Нови силни потреси од 3,5 и 3,8 степени по Рихтер го стресоа Охрид денеска, а од вчера по силниот потрес од 5 степени, се регистрирани многу потреси, само десетина изминатата ноќ.

Охридскиот земјотрес од пет степени според Рихтер, наликува на главен удар по серијата помали потреси во овој регион,  вели директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Професорот Гаревски смирува, вели не треба да се очекува посилен земјотрес, но сепак тоа не може да се предвиди. 

-„Ако се тргне од веројатноста дека такви земјотреси се случуваат на многу подолго време иако и пет степени не е малку за тој регион, тогаш би требало да се претпостави дека не би требало да се очекува некој посилен земјотрес, но сигурно е дека ќе има уште афтер шокови кои најверојатно и веќе ги има“, вели Михаил Гаревски, директор на ИЗИИС, пренесе МРТ.

Инаку, периодов во Охрид се забележани повеќе од 1.000 потреси, владее паника и граѓаните спијат под отворено небо.

 

 

 

04.07.2017 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега