Повторно ќе се распише оглас за претседател на Кривичниот суд

Судскиот совет на вчерашната седница донел одлука да се ставаат вон сила сите активни огласи за избор на судии или претседатели на суд, поради повторно огласување, со што се поништува и огласот за избор на претседател на Кривичниот суд.

Како што потврдува претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски сите огласи објавени пред први јануари 2017 година се ставаат вон сила поради нивна застареност и поради процесот на редовно оценување на судиите за 2015 и 2016 година.

Овој процес се очекува да заврши во текот на наредната недела,. Потоа ќе биде објавен нов оглас.

 

 

 

04.07.2017 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега