Седница на Владата - во фокусот евроинтеграциите и работното време во државните институции

Владата на Република Македонија денеска напладне ќе ја одржи 12. седница на која ќе расправа за состојбите и напредокот во процесот на европската интеграција на државата.

Членовите на Владата ќе расправаат и за користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, како и за статусот на реализација на приоритетите на Македонија за влез во НАТО и за статусот на реализација на Рамковниот договор.

На дневен ред на седницата се и повеќе точки меѓу кои и потребата за изменување на Националната стратегија и Акцискиот план за борба против тероризам, како и прашањето за утврдување распоред на работното време во Владата, министерствата и другите органи на државната управа.

На денешната седница ќе бидат разгледани и некои кадровски прашања и предлози од интерес на граѓаните.

 

 

 

04.07.2017 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега