Милошоски: Ветувањето на СДСМ за укинувањето на РДТ да се исполни веднаш

Би сакал неколку работи да истакнам околу предлог законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и зошто предлагаме да биде по скратена постапка. Тука сме сите претставници на политички партии што пред изборите на граѓаните дале одредени ветувања, а некои од ветувањата ги дале и во одреден период  дека ќе бидат исполнети, со овие зборови пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски го започно своето образложение за потребата од скратена постапка и брзо донесување на измените на законот со кои се предвидува укинување на радиодифузната такса.

Тој потоа истакна дека ова е ветување на Зоран Заев и СДСМ пред изборите и токму поради тоа се бара итно донесување и поддршка за овие предложени законски измени.

-Претставниците, пратениците во Собранието кои што ја  добиле довербата на граѓаните а кои што припаѓаат на владеачкото мнозинство ветиле укинување на радиодифузната такса. Укинување на радиодифузната такска веднаш. Затоа овој предлог закон за укинување на радиодифузната такса веднаш, бараме да биде расправан, разгледан и изгласан по скратена постапка. На 29 март овде имавме изјава на Дамјан Манчевски во врска со оваа тема и нејзината итност дека доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не ја кочат работата во Собранието, граѓаните веќе денес немаше да плаќаат радиодифузна такса. Тоа денес беше на 29 март. Сега сме јули и ние би сакале во духот на она што од Заев беше побарано од опозицијата да биде конструктивна за предлозите кои што се во интерес на граѓаните, за ова политичко ветување на владеачкото мнозинство да овозможиме по скратена постапка да се дискутира. Шекеринска на 30 март истакна дека ако имавме нова влада, граѓаните веќе ќе беа ослободени од плаќање на радиодифузна такса. 30 март помина одамна, сега сме јули, имаме нова влада и сметаме дека е време оваа итност која што била потенцирана на 30ти март да биде приоритет за укинување на радиодифузната такса, истакна Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски посочи и други аргументи со кој го поткрепува барањето за скратена постапка за овој закон. Тој истакна дека ова е предизборно ветување на Заев и СДСМ и дека граѓаните кои гласале за нив, очекуваат исполнување на ова ветување веднаш.

-На крајот исто така што сметам дека е дел од аргументите за скратена постапка за укинување на радиодифузната такса е аргументот на превземени политички обврски за време на изборите и пред изборите. Ние како граѓани и како пратеници избрани од граѓаните не треба да ги избегнуваме или да ги одолговлекуваме прашањата врз основа на кои 10 илјади, 50 илјади, 100 илјади граѓаните поверувале. Затоа сметам дека овој закон за укинување на радиодифузната такса може да се изгласа пред летните одмори, заврши Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

05.07.2017 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега