Во Итната помош повици од граѓани поради паника и вознемиреност од земјотресите

Во последните неколку дена во охридската Итна помош има зголемен обем на работа.

Најголемиот број пријавени случаи се поради страв, вознемиреност и панични напади како резултат на потресите кои овие неколку дена се случуваат, информира д-р Горан Симјаноски од Итната помош.

– Сеуште немаме интервенција на итната помош, ниту на дежурната служба за повреда која настанала како резултат на земјотресите. Апелираме колку што може повеќе да останеме смирени, без да оставиме простор за паника која не носи ништо добро, потенцира д-р Симјаноски.

Од Итната помош додаваат дека преку целиот ден се подготвени да интервенираат со 2 +1 екипа и уште една приправна екипа. Има зголемена приправност, а може да се зголеми капацитетот за 45 минути на 13 екипи.

Извор: Скопје 24

 

 

 

05.07.2017 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега