Владата го претстави акцискиот план 3-6-9

Владата го претстави амбициозниот план за реформи со кој ќе се обиде да ја отсрани условеноста на препораката за започнување на преговорите за интеграција во ЕУ.  Реформите од првата рунда треба да се спроведат до пред локалните избори. На крајот од процесот кој ќе трае 9 месеци, Владата се надева дека ќе добие датум за започнување на преговорите за членство.

Меѓу првите реформи, според вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ќе бидат реформите во изборните институции, во судството, законот за употреба на јазиците и враќањето на демократскиот амбиент и политичкиот дијалог во Собранието.

„Формирање на нова работна група за разгледување на предлог-стратегијата за реформите на секторот за правда согласно препораките на Европската комисија, Венецијанската комисија и Греко. Владата ќе го изготви Законот за употреба на јазиците кој потоа ќе биде поднесен во Парламентот, но и во Венецијанската комисија за консултации. Дел од активностите предвидува, одлука за забранување на владини реклами до комерцијалните радиодифузни пренесувачи, објавување на сите трошоци за рекламирање на владата и објаснување на критериумите за избор на медиумите во поднесениот формат од Европската комисија“. – изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања

Што се однесува до судските реформи, владата вети и кадровско комплетирање на канцеларијата на Народниот правобранител, поддршка на СЈО без да го прецизира начинот, укинување на Законот за лустрација и дисциплинска одговорност за судиите, како и измени и дополнувања во Законот за Судскиот совет.

 

 

 

05.07.2017 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега