Маж се удави во водите на Дебарското Езеро

Уште една трагедија ја потресе Македонија, откако во текот на вчерашниот ден во 14 часот кај Дебарското Езеро, бил пронајден починат маж. Се работи за 78-годишниот Ј.Ј. од селото Голем Папрадник, дебарско, кој бил пронајден во близина на брегот на место викано „Мочово Поле“.

Смртта ја констатирал лекар од судска медицина, а врз телото на починатиот не се пронајдени траги на насилство.

Пензионерот починал откако се удавил во вода.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полицијата.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

 

 

 

 

 

06.07.2017 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега