Полицијата запре возило во Струга - возачот веднаш приведен

Во 22 часот и 15 минути синоќа во Струга на улицата Вељко Влахобиќ, полициски службеници запреле возило  „Фиат Пунто“ со охридски регистерски ознаки, управувано од страна на 20-годишниот Ј.Т. од Струга.

По извршеното легитимирање и преглед над возилото и возачот во најлонска кеса биле пронајдени 15 мали најлонски паковки со непозната зелена тревкаста материја и една хартиена паковка со непозната зелена тревкаста материја во неговиот паричник.

Од страна на увидна екипа од Полицијата во Струга било извршено фотографирање и истите биле подигнати за понатамошна постапка, а лицето било приведено. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по добиена судска наредба од Основен Суд Струга, извршен е претрес во домот и помошните пристории на Ј.Т.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

                                          

 

 

 

06.07.2017 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега