ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветува целосна партизација на општеството

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за постапки за целосна партизација на општеството. СДСМ, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ, во текот на изборите ветувале професионални државни институции и департизиран државен апарат, а еден месец откако дошле на власт нивни пратеници ветуваат противправни услуги и привилегии за членовите на оваа партија и институциите ги полнат со партиски  и кадри на Сорос.

- Граѓаните видоа како Курто Дудуш од СДС ветува привилегии за граѓаните кои поседуваат членска книшка на СДС, дека таа ќе биде втора лична карта и дека со неа ќе можат да се прават сообраќајни прекршоци без притоа да бидат казнети од полиција, поседувачите на истата ќе имаат привилегии на лекар и во социјално. Ветувањата на Дудуш се срам за целиот демократски свет, ветувањата на Дудуш во темел ја поткупуваат правната држава и принципот на владеење на правото. СДС ветува целосна партизација на општеството до најситните пори на истото, тоа не смее да остане премолчено и заборавено, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Најголемата опозициска партија ги повикува сите меѓународни претставници во Македонија и меѓународната заедница да реагираат на, истакнуваат, ваквото прекршување на демократските принципи во нашата држава.

Според ВМРО-ДПМНЕ, за еден месец од промената  на власта Владата и министерствата се преполниле со некомпетентни партиски кадри и кадри на Сорос. Без почитување на законските процедури, како што тврди, се поставени директори на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив и Управниот инспекторат, а под државна капа се ставени активисти на т.н шарена револуција.

- Граѓаните од СДС очекуваат професионален државен апарат во служба на граѓаните, а не партиска држава со привилегии за членовите на СДС, каде остатокот од граѓаните ќе бидат граѓани од втор ред, се вели во соопштението.

 

 

 

07.07.2017 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега