Сеизмолошката опсерваторија со детали - серија посилни потреси ги испаничија охриѓани

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска и утринава регистрира повеќе земјотреси почувствувани од граѓаните на Охрид, Ресен и околината. Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 10км  источно од Охрид и потекнуваат од охридското епицентрално подрачје.

Најсилните, и тоа,

·       

првиот, во 1 часот и 7 минути со Рихтерова магнитуда  3.2, и интензитет IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;

·       

вториот, во 4 часот и 32 минути со Рихтерова магнитуда  3.1 и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;

·       

третиот, во 7 часот и 16 минути со Рихтерова магнитуда  3.0, и интензитет III-IV степениспоред Европската Макросеизмичка Скала;

·       

четвртиот, во 7 часот и 18 минути со Рихтерова магнитуда 3.6, и интензитет V степени според Европската Макросеизмичка Скала.

 

Беа регистрирани и повеќе послаби земјотреси со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 кој беа почувствувани со интензитет III степени според истата скала. 

 

 

 

07.07.2017 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега