Вооружена драма во Сарај синоќа: Влегле со автоматски пушки

Вооружена драма синоќа се одвивала во скопското село Сарај на бензинската пумпа "Имо Оил". На бензинската во 2 часот по полноќ влегле три маскирани лица, кои имале автоматски пушки во рацете. Полицијата информира дека го нападнале вработениот и му одзеле 20.000 денари, заедно со неговиот паричник во кој имал 1.000 денари и документи.

Потоа, вооружените насилници го затвориле вработениот во една од просториите и избегале.

Полицијата работи на случајот.

 

 

 

07.07.2017 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега