Голем пожар беснееше во Гостивар, изгореа куќи и продавници

Во 02 часот и 30 минути утринава во Гостивар на улицата „Благоја Гиноски“, од засега непознати причини настанал пожар во објект во сопственост на 74-годишниот М.Д.

Била зафатена кровната конструкција, а на приземјето од објектот лоцирани биле продавниците „Про Шот“ (продавница за обувки), ТП„Вест Ман“ (продавница за облека) и ТП „Европа“ (книжара). Опожарен бил заедничкиот кров од продавницата за обувки и продавницата за облека, дел од обувките, а останатите обувки и облека целосно биле оштетени од чад и при гаснење на пожарот.

Исто така, од пожарот зафатен бил и мал дел од дрвената кровна конструкција од книжарата. Од пожарот опожарени биле и мал дел од дрвените кровни конструкции од куќите сопственост на 56-годишниот Х.Ч. и 61-годишниот Ч.С.  лоцирани зад опожарениот објект.

Од страна на Полицијата во Гостивар извршен е увид на местото на настанот.

Материјална штета дополнително ќе биде утврдена.      

 

 

 

07.07.2017 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега