Апсење на аеродромот "Александар Велики"

Во текот на вчерашниот ден во 14 часот на Граничниот Премин Аеродром „Александар Велики“ - Скопје, на влез во Република Македонија, при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека 26-годишниот Н.А. од селото Патишка Река, е евидентиран во Стоп листата со мерка Апси.

По барање на Секторот за потраги од МВР за сторено дело “измама“, истиот бил приведен и во 16 часот и 30 минути бил предаден на полициски службеници од Полициското Одделение-Петровец за спроведување до Казнено Поправната Установа- Идризово во Скопје.

 

 

 

07.07.2017 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега