Свечена заклетва на 32. генерација војници во АРМ - меѓу нив 10 жени

Во Командата за обука каде е сместен и ЦИО Центарот за индивидуална обука  при касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва даде 32 тта генерација војници на доброволни служење во АРМ .

Во оваа генерација 2017 се 54 млади војници на доброволно служење во АРМ,меѓу кои и десет девојки.

Пред голем број гости, родители, роднини и пријатели како и високи претставници на ГШ на АРМ и Министерството за одбрана пред присутните се обрати и им ја честита свечено дадената заклетва на војниците командантот на Центарот за индивидуална обука потполковник Газменд Абдиу и заменик началник на ГШ на АРМ генерал мајор Мухамед Рацај. На свеченоста присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. 

- По отслужувањето на доброволниот рок како и многу од вашите претходници и вие ќе може да продолжите со надградба на воената професија во професионалниот состав на Армијата на Република Македонија и да ја одберете војничката професија, војничката струка како животна определба, порача министерката. 

Абдиу ги потсети дека тие се столбот на АРМ, од кои понатаму се регрутираат професионални војници,а  со воена  дообука и во   старешини-подофицери  за потребите  на АРМ.

- Со овој чин вие се приклучивте кон генерациите обучени и оспособени за одбрана на нашата татковина Република Македонија, рече Абдиу.

Младите војници ќе ги обучуваат  искусни старешини од Центарот за индивидуална обука ЦИО и тие  во наредните три  месеци треба да ја совладаат и добро научат  основната воена обука.

 

 

 

07.07.2017 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега