Трпески: Она од што стравуваме е дека ќе дојде месец септември и ќе се соочиме со неспремност на училиштата да ги прифатат своите ученици

Интегрален текст од ВМРО-ДПМНЕ од изјава за медиуми при што се обрати г. Сашо Трпески:

Во 4 годишниот мандат на Андреј Жерновски како градоначалник на Општина Центар единствен капитален проект во областа на основното образование е отпочнување со градба на основното училиште во Капиштец кои ние како советничка група го поддржуваме бидејќи се работи за проект за деца иако чини повеќе од просечната цена за изградба. Меѓутоа што се случува со другите основни училишта. На вчерашната седница на совет на Општина Центар каде присуствуваа сите директори на општинските  училишта беа истакнати низа на проблеми кои треба да се решат односно отстранат. Добар дел од наведените проблеми одамна требаше да се отстранат но се уште нема ништо од сето ова.

Морам да напоменам дека претседателката на комисијата за образование како и раководителката на Kомисијата за образование во неколку наврати имаа апелирано до градоначалникот да ги санира и реши сите овие проблеми кои се одолговлекуваат и кои се уште не се решени. Сакаме да прашаме дали Жерновски се грижи за учениците или не.

Колку за потсетување во септември ќе навршат две години откако имаше наводно труење на учениците од вода во Општинското Основно Училиште „11 Октомври“ и токму поради тоа беше разрешена тогашната директорка. Воедно беше ветена реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на училиштето но до ден денес се уште не е реализирано. Воедно во истото тоа училиште за време на големите врнежи кои се случија во текот на минатата година беа поплавени подрумските простории каде се наоѓаат и кабинетите по музичко и ликовно образование и беше побарано од страна на директорката до градоначалникот да се заложи да се оспособат овие простории бидејќи се потребни за одржување на настава. Реализација се уште нема и покрај тоа што има поминато цела година.

Во општинското основно училиште „Кочо Рацин“, директорката се пожали на состојбата на училишниот двор каде е потребно да се изврши следното, дренажа на атмосферската вода причинува влага во внатрешноста на училиштето, менување ан бекатонските плочи во школскиот двор бидејќи постоечките се во лоша состојба и истите во моментов ја загрозуваат безбедноста на движењето на учениците како и хортикултурно уредување на школскиот двор. Воедно истото училиште беше најпогодено училиште од големите врнежи кои се случија минатата година и беше поплавено. Директорката посочи дека и покрај тоа што осигурителната компанија има префрлено средства на општината во месец декември минатата година за исплата на штета денес после 6 месеци општината не презела дејства за санација на штетите со овие средства и во ова училиште е наведено дека фасадата е во лоша состојба.

Директорката на Општинското Основното Училиште „Кирил и Методиј“ напомена пак дека во ова училиште имало најголемо оштетување од земјотресите што се случија пред една година и каде има записник направен од ИЗИИС и во записникот е наведено дека треба да се направи задолжителна санација на ѕидовите кои се распукани и оштетени. И покрај дадениот апел за итна санација се уште нема никаква реализација.

Во општинското основно училиште „Димитар Миладинов“, има навистина сериозен проблем со фасадата на самото училиште каде директорката истакна дека е во многу лоша состојба и дека има одрони дека стравува дека ако не се реши овој проблем до септември ќе биде опасно по учениците.

Директорките на вчерашната седница на Совет Општина Центар информираа дека и покрај дописите и барањето од градоначалникот кои дел од нив се стари две години се уште нема реализација.

Директорката на Општинското основно училиште „Коле Неделковски“, на седница на Совет на Општина Центар не извести дека успеала самостојно да обезбеди донација и да го реновира училиштето и дека ќе обезбеди клупи и корпи за отпадоци во училишниот двор и само замоли општината хортикултурно да го уреди дворот. За жал градоначалникот Андреј Жерновски не беше присутен вчера на седницата за да може да одговори на сите овие прашања, а службите од општината не можеа да не услужат со целосни информации

Она од што стравуваме е дека ќе дојде месец септември и ќе се соочиме со неспремност на училиштата да ги прифатат своите ученици. Директорките во неколку наврати, напоменувам, дека ги спречувале родителите од бојкот токму поради овие проблеми кои ги имаат и сметаме дека никој од нас не би сакале да се појави истиот гнев и револт и да настанат поголеми проблеми на почетокот на учебната година.

За поголем дел од изнесените проблеми во училиштата градоначалникот се уште нема започнато постапка за санација на овие состојби и веројатноста е голема учениците на први септември да започнат учебната година со недостатоци во училиштата. Токму поради ова навреме предупредуваме и упатуваме барање до градоначалникот Жерновски наместо да оди на летен одмор во преостанатиот период да вложи максимални напори и да ги санира недостатоците во училиштата и да овозможи од септември сите училишта да ги прифатат учениците онака како што треба бидејќи безбедноста на учениците и децата е на прво место. Уште еднаш би напоменале сите ученици заслужуваат еднакви услови за воспитание и образование. 

 

 

 

 

 

07.07.2017 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега