Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот за 2017 година и веќе го достави до Собранието на Република Македонија, изјави денеска на прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев.

Нагласи дека очекува за 20-ина дена да завршат сите процедури во Собранието и ребалансот да биде донесен пред Илинден.  

Во ребалансот, како што кажа, се предвидува дефицитот на Буџетот да остане 2,9 отсто од БДП, а предвидениот раст да изнесува 2,2 проценти наместо првично предвидените 3 отсто од претходната влада и проектираните 2,8 од Светска банка, односно 2,7  отсто од НБРМ.

Предвидено е кратење на расходите од речиси три милијарди денари и на капиталните инвестиции за исто толку, но, како што истакна Заев, предвидено е да се реализираат сите веќе започнати инфраструктурни проекти, како и да се додаде изградба на некои нови училишта во источна и западна Македонија.

 

 

 

07.07.2017 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега