Попоски за Алфа: Доколку политичарите преговараат за значајните исторски прашања, не може да одиме напред

Во гостувањето во вестите на Алфа телевизија поранешниот министер за надворешни работи говореше за политиката на Македонија и Бугарија. Тој кажа дека се она што е на техничко ниво меѓу Бугарија и Македонија било усогласено, вели дека веројатно ќе имало подобра клима доколку во двете државни немаше политичка криза и предвремени избори.

-Сега сме во фаза кога нема технички прашања, има 3 до 4 суштествени, многу чувствителни прашања кои треба да бидат надминати. Мислам дека целата ситуација ќе беше многу полесна за надминување, доколку не беа тие еуфорични најави дека се е друго надминато и останува еден краток кафе муабет, каде треба да се заокружи договорот и потпише на Илинден, изјави Попоски.

Тој кажа дека тешко е да дознаеме детали за договорот, без малку поголема транспарентност, доколку сме во фаза во која велиме дека се е решено и дека треба да се пристапи кон потпишување.

-Доколку се уште се преговара тој договор, доколку имаме суштествени прашања, како што бевме до моментот кога се промени власта, во тој случај не гледам што би барале дополнително како информација. Но, ние имаме најави дека за неколку седмици ќе имаме потпишување за договорот, с е е решено и сите прашања се надминати. Потребни се тие информации, бидејќи ова не е прашање на кое Владата може да добие поени, избегнувајќи еден широк консензус по вака значајно прашање, изјави Попоски.

Попоски за прославувањето на Илинден заедно во Македонија, каде Заев го покани премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, кажа дека не било во преговорите на минатата Влада. Тој кажа дека пристап каде политичарите преговараат за историски прашања не може да не води напред, тоа е работа на експертите според Попоски.

Тој надополни дека минатата Влада не го потпишала овој договор, бидејќи имало суштествени прашања, кои задирале длабоко во билатералните односи меѓу двете земји.

-Не можевме да постигнеме согласност околу тоа, постоеше сериозен напредок во усогласување на текстот меѓу експертските групи, од идејата беше кога ќе се остане на овие 3-4 клучни прашања, дека треба да се бара начин да се решава со консензус во двете држави, особено што Бугарија ова го поставува како услов за понатамошна европска интеграција, изјави Попоски.

Тој кажа дека за евентуалниот договор со Бугарија мора да се има многу поголем консензус, многу поширок од во моментов тесното владино мнозинство.

 

 

 

 

07.07.2017 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега