Груевски: ВМРО со победа замина, со победа ќе се врати на власт

Груевски во гостувањето во „Отвореното студио“ на ТВ Нова кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвени веднаш да има предвремени парламентарни избори. Тој објасни и која целта на 10-те пратенички групи, а таа не е блокирање на Собранието, туку работа за подоброто на граѓаните.

-10-те пратенички групи се наше деловничко право, второ затоа што кога гледаме на каков незаконски начин се избра претседател, како се донесоа одредени закони. Гледаме поголема шанса за почести интервенции на координаторите за процедурални прашања, можности за подолги говори, со цел влијание, нормално и оддолговлекување ако нешто е штетно за граѓаните, да видат што се случува. Нашата цел е да работиме за подобро на граѓаните.

Тој кажа дека имаат план да се вратат на власт и дека секако ќе се вратат на власт.

-Ако се прашуваше народот ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе беше на власт и ВМРО ќе се врати на власт. Се што сега работиме во партијата е само раздвижување кон локалните избори, каде победа неминовно ќе допринесе до нови парламентарни избори. Македонците што гласаа за Заев, а уште повеќе Албанците нека видат со кого имаат работа. ВМРО беше на власт и ќе врати на власт, со победа замина, со победа ќе се врати, порача Груевски.

 

 

 

 

07.07.2017 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега