Груевски: Нашиот грев е што 11 години не попуштивме под притисоци, закани и уцени да се смени името, јазикот и идентитетот на државата

Мојот грев е што водам политики кои што мнозинството граѓани ги поддржуваат, кои што мнозинството Македонци ги поддржуваат. Тоа  емојот грев и затоа е борбата да бидам елиминиран, да бидам тргнат од политичката сцена, од водството на ВМРО. Се разбира дека нема да успеат, затоа што оваа држава има народ кој што гледа и расудува, вели Груевски.

Нашиот грев не е што набавно блиндирано возило, нашиот грев не е што е срушена дивоградба за која самиот градител писмено признал дека е дивоградба, нашиот грев не се подметачите за чаши што сме ги купиле или микрофон што сме изнајмиле, нашиот грев е што 11 години се бориме за опстојување на Македонија онаква каква што ја сакаат граѓаните на Македонија или убедливото мнозинство граѓани. Нашиот грев е што 11 години не попуштивме под разни притисоци, закани, уцени, понуди да се смени името, да се смени идентитетот, името на јазикот, на државата, на нацијата, вели Груевски.

Тој додава дека нивниот  грев е што не се согласиле да потпишат разно разни договори со кои што се сака да се избрише нашата историја, договори со кои се сака да не се признава нашиот јазик.

-Нашиот грев е што сакаме унитарна држава. Нашиот грев е што ја браневме државата од терористички групи кои доаѓаа и сакааа да го сменат текот на политичките настани во земјата и да ја доведат земјата до екстремно тешка ситуација и што експресно се справувавме со нив, што направивме силна држава. Мојот грев е што водам политики кои што мнозинството граѓани ги поддржуваат, кои што мнозинството Македонци ги поддржуваат. Тоа  емојот грев и затоа е борбата да бидам елиминиран, да бидам тргнат од политичката сцена, од водството на ВМРО. Се разбира дека нема да успеат, затоа што оваа држава има народ кој што гледа и расудува, вели груевски.

 

 

 

 

 

07.07.2017 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега