МВР го упати Жерновски на часови кај Беличанец

Иако помина долг период од отпочнувањето на работењето на новата власт во општина Центар, Министерството за внатрешни работи, жали што актуелниот градоначалник сè уште не ги познава доволно своите ингеренции и обврски кон граѓаните, стои во реакцијата на МВР на денешната изјава на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се согласуваат дека работењето на локалната власт во општина Кисела Вода треба да биде пример по кој да функционира и Жерновски. 

-Добро е конечно да престане да се занимава само со политикантство и да започне со реализирање на проекти во полза на граѓаните на општината. Без разлика за кого гласале, тие заслужуваат локална власт која ќе ги решава нивните проблеми. Го охрабруваме да ја заборави индиферентноста и да отпочне со покренување на иницијативи кои би значеле напредок на општината. Веруваме дека на неговата колешка ќе и биде задоволство да му помогне и да го упати на добрите начини на работење и пронаоѓање на општествено одговорни претпријатија кои би ги помогнале ваквите проекти. За доброто на сите граѓани, МВР било и останува подготвено да партиципира и да го даде својот придонес не само во областа на безбедноста во сообраќајот, туку во сите проекти за кои што општините ќе проценат дека се неопходни. Општините и властите кои ги управуваат, не смее да се делат на владеачки или опозициски, туку на одговорни и неодоговони, односно на оние кои умеат или не умеат да работат во интерес на граѓаните, стои во реакцијата на МВР.

20.08.2013 - 16:08

најчитано сега