Две возила дирекно се судрија во Битола - има повредени
Во 20 часот во Битола, на местото „Битла-Ниже Поле“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди А6“ со битолски регистарски ознаки управувано од страна на 29-годишниот Г.И. од Битола и патничко моторно возило „Ауди А3“, исто така со битолски регистарски ознаки управувано од 36-годишниот М.Ш. од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди и тоа фрактура на капаче од десно колено се здобил М.Ш кој е пренесен во Клиничка болница Битола каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување, и сопатничката на патничко моторно возило „Ауди А3“, 30-годишната С.Ш. од Битола,се здобила со тешки телесни повреди како фрактура на капаче од лево колено, по што е пренесена во Клиничка болница Битола каде и е укажана лекарска помош и е пуштена на домашно лекување.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Битола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа