Манчев: Нема ништо од подземната сообраќајница и жичарницата на Заев

Нема ништо од ветената подземна сообраќајница, но и жичарница од Програмата на Зоран Заев за локалните избори во 2013 година, истакна на денешната прес конференција, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица, Ванковер Манчев.

- Стоиме на местото каде што требаше да биде изградена подземна сообраќајница која ќе се протегаше до улицата Ванчо Китанов, ветена на страница број 40 во програмата за локалните избори за 2013 година. Овој проект требаше да биде готов до 2015 година, за да има подобар проток на граѓаните. Но, наместо тоа денес имаме неуредни и одамна неисчистени контејнери и од скоро платен паркинг, рече Ванковер Манчев.

Според него, Заев за да го привлече вниманието од гласачите, ветил и изградба на жичарница до Цареви кули.

- Генијалните идеи беа ветување за Зоран Заев, кој вети и жичарница за да ја поврзува Струмица со Цареви кули, и не само тоа, туку дека во склоп на жичарницата дека ќе има кафе бар, ресторан, но и продавница за сувенири. Немаме ништо од тоа, туку само узурпирани тротоари, присвоени зелени површини од големиот парк и многу други проблеми кои треба да се решаваат, рече Манчев.

Тој потсети уште еднаш, на како што рече, ветеното, но неисполнето ветување на Заев за модерницазија на градскиот пазар Чешел, напоменувајќи дека и на овој пазарен ден, пазарџиите и граѓаните се затекнати на р'ѓосани тезги, на отворено при жешки температури.

 

 

 

08.07.2017 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега