Потресни сведоштва за земјотресите во Охрид - жителите деновите ги живеат во страв
Нов силен потрес од 3,9 степени ги вознемири вчеравечер охриѓани кои со денови спијат под отворено небо во страв.
Земјотресот е регистриран во 21 часот и 31 минути со епицентар на 6 километри од село Косел и длабочина од 2 километри. Утрово беше мирно, но синоќа и од попладнево наваму серија земјотреси ги исплашија повторно жителите.
-Јас сум постара личност, но ова не било. Трае предолго и премногу е тоа, ни создава преголем стрес и мора човек да се тргне на страна малку во вакви ситуации, изјави жителка за Охридњуз.
Ристана и нејзините внуци не единствените кои немирното охридско тло го заменија со мирен одмор во воениот камп во Св. Наум, каде времено престојуваат повеќе семејства од Охрид.
-Има нашинци од Америка и Австралија кои имаат станови во Охрид, но дојдоа тука. И тие се загрижени за тоа што се случува во Охрид. - рече Ристана, за Охридњуз.
До сега имаше повеќе од 1.200 потреси. Се надеваме тлото ќе се смири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа