Светецот кој толку веруваше во Бога што стави жар на дланката а тој не му наштети

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јуни.

Денеска е Преподобен Давид Солунски.

Овој подвижник по потекло солунец живееше во петтиот и шестиот век. Својот подвиг го започна близу Солун, каде подигна колипка под едно бадемово дрво па живееше во неа. Потоа се подвижуваше во Тесалија. Живеејќи во постојан труд да ја стекнува божествената љубов, тој толку се усоврши во Бога што во една пригода можеше да стави жар во дланката за да го окади царот, без тоа да му наштети. Се упокои во 540 година.

 

 

 

09.07.2017 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега