Сега почнува вистинскиот пекол - временска за наредните седум дена

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб северен ветер. Попладне во планинските предели ќе има услови за појава на локален краткотраен дожд и грмежи.

Дневната температура до среда ќе биде во постепен пораст при што во вторник и во среда во најтоплите делови повторно ќе надмине 40 степени. Извесна промена на времето проследена со засилен северен ветер и намалување на дневната температура за околу пет степени се очекува од четврток.

 

 

 

09.07.2017 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега