Македонски студенти ги удри автомобил во САД - еве каква им е состојбата

 

Македонската студентка, Данче Зафирова, која се здоби со повреди во сообраќајна несреќа која ја доживеа пред десет дена во градот Фалмут во Масачусетс, сега е во стабилна состојба.

Локалните медиуми јавуваат дека 22-годишната студентка која на 27. јуни беше удрена од автомобил, додека си одела на тротоар со уште две лица, веќе не е во критична состојба.

Повредено беше и нејзиното момче кое беше со неа во кобниот момент, но тоа по неколку дена излезе од болница.

Инаку, Зафирова заедно со нејзината сестра и момчето во САД заминале во рамки на програмата за студентска работа „Интракс“ која што ги покрива сите трошоци за лекувањето.

 

 

 

09.07.2017 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега