Шестата собраниска седница ќе се одржи утре

Собранието на Република Македонија во петокот не ја продолжи шестата седница на чиј дневен ред се Предлог одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, како и разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Седницата, како што информираат за МИА од собраниската прес-служба е закажана за утре во 11 часот.

Џафери ја прекина седницата по серијата паузи што ја побараа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои за да се разгледаат стенограмите од обраќањето на омбутсманот Иџет Мемети. Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ објавија дека формирале 10 пратенички групи. Координатори на пратеничките групи се Илија Димовски, Антонио Милошевски, Зоран Илиовски, Владанка Авировиќ, Даниела Рангелова, Панчо Минов, Димитар Стевананџија, Драган Данев, Благица Ласовска и Драган Цуклев.

На дневен ред на шестата седница се и предлог-измените на Законот за работните односи поднесен од Нола Исмајлоска, Магдалена Манаскова и Весна Пемова и годишните извештаи за работата на повеќе институции. Пратениците треба да расправаат и за состојбата со дивата депонија во Струга, предлог поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

 

09.07.2017 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега