Прв пат делегација од македонското Собрание на комеморација во чест на жртвите од Сребреница

Нагласувајќи ја важноста за градењето на меѓусебната доверба, стабилен и траен мир, регионална соработка и европските интегративни процеси и изразувајќи најдлабок пиетет кон жртвите на бошњачкиот народ во геноцидот во Сребреница, Собранието на Република Македонија на 04.02.2010 год. ја подржа Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница, усвоена на 15 јануари 2009 година и се обврза дека соодветно ќе го одбележи 11 јули – Денот за сеќавање на геноцидот во Сребреница, пишува во соопштението пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Заќир Рамчиловиќ.

На иницијатива на Здружението АВАЗ за прв пат оваа година на комеморацијата во Меморијалниот центар Поточари ќе присуствува собраниска делегација од Македонија. Таа ќе биде предводена од пратеникот на друженитено Доц. Д-р Зеќир Рамчиловиќ, кој ќе оди заедно со Реџаил Исмаиљ и Илија Николовски. Како што се вели во соопштението на Рамчиловиќ Собранието на Република Македонија на овој начин оддава почест на сите жртви на геноцидот и изразува најдлабоко сочувство со семејствата на жртвите од геноцидот во Сребреница од јули 1995 г.

-Во рамките на одбележувањето на годишнината од геноцидот, група на граѓани од Република Македонија предводена од здружението „Диван“ ќе отпатува и ќе присуствува по трет пат на комеморацијата во Меморијалниот центар Поточари. Воедно, во рамки на традиционалните одбележувања на 11 јули во Скопје ќе се одржи „Марш на мирот“ предводен од повеќе невладини организации на чело со Бошњачката културна заедница – БКЗ како и граѓани кои го осудуваат геноцидот во Сребреница, се вели во соопштението на Рамчиловиќ.

Здружението АВАЗ најостро и недвосмислено ги осудува сите злосторства, но исто така ги осудува и сите оние кои го негираат геноцидот починет врз цивилното население во Сребреница. Затоа нека овој ден биде поука, опомена и повик за мир и разбирање со цел да никаде, никому и никогаш не се повтори Сребреница.

 

 

 

 

09.07.2017 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега