Трагедија во Македонија: Двајца починале на лице место, третиот на пат кон болница
Во 02 часот по полноќ на магистралниот пат Кочани-Штип, кај место викано „Чифлички бунар“ во атар на селото Чифлик, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус со штипски регистарски ознаки управуван од 55-годишниот С.М. од населба Оризари, во кој се превезувале околу 58 патници и патничко моторно возило “Сеат Кордоба“ со кочански регистарски ознаки управувано од 28-годишниот Љ.Л. од Кочани.
Сопатници во возилото биле А.М.(19), Р.Т.(23), Г.К.(23) и Д.П.(25) сите од Кочани. Од здобиените повреди при незгодата на местото на настанот починале Љ.Л. и Р.Т., додека Д.П. починал во возило на Итна медицинска помош на пат за Болница. Останатите патници се пренесени во Јавна здравствена установа Кочани, каде Г.К. е задржан на лекување а А.М. бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кочани, увидна екипа од Полициска станица Кочани.
Од 02 часот и 35 минути сообраќајот е во прекин и се пренасочува по локалните патишта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа