ВМРО-ДПМНЕ: СЈО не смее да се става над законот

СЈО не смее да се става над законот и да води истражни постапки по истекот на 18-те месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност. Секој нов прогон и тормозење што ќе го врши врз граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде противзаконски и ќе биде основ за одговорност на вработените во ова обвинителство, смета ВМРО-ДПМНЕ. 

Како што изјави денеска Дарко Костовски, СЈО е партиска испостава на СДСМ, неговата работа е селективна, обвиненијата кои ги покренува се тендециозни и без аргументи, докази, факти, со политичка манипулација, води хајка против ВМРО-ДПМНЕ.

- СЈО има за цел да крева димни завеси секогаш кога нејзината матична партија и Зоран Заев прават пазари со националните и државните интереси. Во таа насока се и селективните и тендециозни обвиненија кои ги креираат за функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Целта е елиминација или ослабување на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата. Гревот поради кој се води оваа хајка против ВМРО-ДПМНЕ е тоа што не отстапуваме од одбрана на државните и национални интереси. Работата на СЈО нема никаква врска со правото, оцени Костовски во изјавата пред СЈО.

Според него, постапката на рушење на дивоградбата на Фијат Цаноски е законска, а СЈО со случајот ТНТ решава да ги исполни желбите на Заев и политички, без докази покренува обвинение.

- Беа направени дури три вештачења и сите три потврдија дека објектот е дивоградба и треба да се руши и дека е постапувано законски. Со цел да се направи политички спектакл, СЈО покрена обвинение за сосема законски случај. Целта не е правдата, туку нејзино гушење, потенцира Костовски. 

 

 

 

09.07.2017 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега