ВМРО-ДПМНЕ: СДС даваше лажни ветувања, само да дојде на власт

СДСМ даваше лажни ветувања само за да дојде на власт, за потоа да може да вдомуваат партиски војници по институции, како да прават зделки и најлошо од се да спроведуваат туѓи агенди на штета на македонските национални и државни интереси, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Последен доказ за дволичноста на СДСМ, според ВМРО-ДПМНЕ,  е одбивањето да се укине радиодифузната такса.

- СДС во март говореше дека ако имало влада, граѓаните немало да плаќаат радиодифузна такса. Тоа го зборуваа и Дамјан Манчевски и Радмила Шекеринска. Денес сме јули, а СДС бега како ѓавол од темјан од своето ветување со кое ги манипулираа граѓаните од декември па се до сега. Радмила Шекеринска кажа на 30 март: „ако денес имавме нова Влада, граѓаните веќе ќе беа ослободени од плаќање радиодифузна такса“. Еве СДС има Влада, Радмила Шекеринска е во владата речиси 40 дена, ама немаат абер да ја укинат радиодифузната такса, па дури и избегна иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ таа да биде укината, истакна на прес-конференција Жаклина Пепевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, додаде таа, само ја разоткрива во целост намерата на СДСМ која ја имале пред изборите, како што рече, да лажат, да ветуваат и да манипулираат само да се доберат до власт, а потоа да се грижат како да вдомуваат партиски војници по институции, како да прават зделки и најлошо од се да спроведуваат туѓи агенди на штета на македонските национални и државни интереси.

 

 

 

09.07.2017 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега