Груевски: Одиме напред со нов план за победа на идните парламентарни избори и формирање на влада

Одиме напред со нов план за победа на идните парламентарни избори и формирање на влада, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој се обрати на 26-та Годишната конференција на УМС.

-А во меѓувреме, ако вака продолжат тогаш ќе им порачам дека без разлика дали Груевски ќе е жив или не, политички активен или не, тие ќе бидат проголтани од сопствените методи кои во моментов ја узурпираат и спречуваат целта на нивните налогодавци.

Тие отворија спирала на гнев и фрустрации, базирани на огромна омраза, која го дели народот, и наместо да работат на приближување на народот, помирување на народот, тие продолжуваат со методи на бркање, закани, тужби, пријави, обвиненија, укинување на медиум и слично.

Слушам, додаде Груевски, дека планирале разни игри за локалните избори, дека сакале со помош на полицијата и структурите кои им помогнаа на парламентарните избори вклучувајќи и во албанските средини, повторно да прават исти нечесни трикови и операции, и во Скопје, и во неколку други општини.

-Сакам да им порачам да не си играат со трпението и вољата на народот, и дека за тоа, ако се обидат,  ќе ги стигне казна, и пак ќе изгубат од врмо дпмне како партија, односно ќе имаат далеку помал вкупен број на гласови. Тоа ќе биде важно за да се влезе потоа во политички процес кој ќе води кон нови парламентарни избори, а по нашата победа на тие избори ние имаме план како да формираме влада, во која секако ќе бидат застапени и албанските граѓани преку нивни партии, и која заедно со сопствени сили и со подршка на партнерите од меѓународната заедница ќе ги решава проблемите на Македонија, подвлече Груевси и додаде:

„ВМРО во изминатиот период беше стигматизирано во повеќе погледи особено и во полето на надворешните односи, но она што ние го водевме како полемика беше дебата на аргументи и прицнипи. Во наредниот период ќе поработиме на развој на односите и соработка со пријателите на Република Македонија, пред се заради интересите на Македонија, средувањето на односите со поедини западни пријатели и уривање на стереотипите кои Албанците ги имаат за нас дека ние им сакаме лошо. Тоа не е вистина. А многу брзо ќе се покаже дека сме говореле исправно“.

Груевски од Охрид почара дека вистината ќе победи.

-Ние ќе победиме. Заеднички, сплотени, зошто ВМРО е повеќе од партија, тоа е идеја, тоа не се поединци, тоа е кауза која е во секој од нас. Јас знам дека ќе загубат, а тоа го знаете и вие. Овој хаос неможе да трае. Ова граѓаните го препознаваат колку и СДС да се обидува со нивните емоции конструирајки афери и ситни провокации на лична основа. На крај, идејата ќе ја победи нивната омраза. Идејата за силна Македонија, за Македонија со која сите ќе се гордееме. Во вас е иднината на нашата партија. Во вас е иднината на државата. Не заборавајте го тоа. Следете го патот на вашиот идеал и визија. Следете го она во што верувате само тоа е исправниот пат… лажните идеали секогаш крахираат и завршуваат лошо. Вистинската верба во каузата на ВМРО е тоа што ја крепи и ке ја крепи нашата партија и државата.

 

 

 

 

10.07.2017 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега