Груевски: Во првите месеци баравме инвеститори за работни места, овие се занимаваат со хомосексуални бракови

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека на Албанците им ветува брда и долини за да ги земат во коалиција, како што е законот за јазици. Наместо тоа, ќе пратат писмо до Венецијанска комисија, која пак ќе одговори по локалните избори, вели Груевски.

-Ветуваа почеток на преговори со ЕУ за 6 месеци, сега ни говорат дека за 9 месеци  ќе ја одмрзнеле препораката која се замрзна заради кризата која токму тие и ја направија на земјата. Почнаа да разрешуваат и назначуваат функционери. Наместо стручњаци и експерти како што ветуваа, ред до ред партиски некомпетентни кадри кои неможат ни англиски да положат, па сега да сме го менувале законот за партиските кадри да ги вработат или назначат без познавање странски јазик, изјави Груевски.

Груевски кажа дека сега се фатиле да градат атмосфера на хомосексуалците да им се овозможело да склучуваат брак и да посвојуваат деца.

-Сите проблеми ги решија, сите ветувања дадени на народот ги исполнија, животот го донесоа, дијаспората ја вратија,…. уште посвојувањето деца во хомосексуални бракови им остана. Ние во првите месец – два кога влеговме прв пат во владата,  баравме инвеститори кои потоа отвораа  илјадници нови работни места. Овие со Боки 13 ка се занимаваат. Ние за еден месец на земјоделците им ги намаливме даноците и им обезбедивме субвенции, овие се посветени на тоа да објаснат кој министер јадел салама, а кој пилешко за ручек, а во исто време отвориле теднедери за богато мени на новата влада и министри. И додека се дебатира за лгбт, тие го напаѓаат Дедо Стефан со разни измислици и полувистини. Црквата не им чини, но им чини и модерно им изгледа темата за хомосексуални бракови и посвојување деца во истите, изјави Груевски.

 

 

 

10.07.2017 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега