Сеизмолошка опсерваторија со детали за земјотресите - тлото во Македонија не се смирува

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрира повеќе земјотреси чии епицентри потекнуваат од охридското епицентрално подрачје. Дел од нив беа почувствувани во Охрид и околината.

·       

Во 02 часот и 12 минута со Рихтерова магнитуда  2.8, и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;

·       

Во 04 часот и 16 минути со Рихтерова магнитуда  2.7 и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;

·       

Во 04 часот и 37 минути со Рихтерова магнитуда  3.3 и интензитет V степени според Европската Макросеизмичка Скала;

 

·       

Во 04 часот и 39 минути со Рихтерова магнитуда  3.3 и интензитет V степени според Европската Макросеизмичка Скала;

 

 

 

10.07.2017 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега