Груевски: СЈО води политичка хајка за СДСМ да ги прикрие своите неуспеси

СЈО води политичка хајка против мене, моите соработници и партијата за да не деградираат и омаловажат и да не стават во нерамноправна положба, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска при престојот во Битола и додаде дека тој нема намера да бега.

- СЈО година и пол објавува дека ќе добиеме обвиненија. Во меѓувреме реализирав бројни патувања и се враќав од патувањата во странство. Само во јуни имав патувања во четири до пет држави и се вратив. Ако сакав да избегам, а знаев дека на 28, 29 или 30 јуни СЈО ќе одржи прес и ќе ги поднесе обвиненијата без никакви докази, но не ми паднало на памет да бегам. Се работи за политичка хајка која се води против мене лично, против моите соработници и против партијата за да не деградираат и омаловажат, да не стават во нерамноправна положба, изјави Груевски одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Битола. 

Според него, јасно е дека станува збор за политичка хајка со цел, како што рече,  СДСМ да ги прикрие своите неуспеси и да ги направи своите планови поврзани со државните и националните интереси. 

 

 

 

10.07.2017 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега