МВР со продолжено работно време

Министерството за внатрешни работи Ве известува дека започнувајќи од денес, заклучно со 31.08.2017 година Отсеците за управни работи Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип ќе работат во две смени од 08.30 до 20.00 часот.

Воедно Ве известуваме дека поради зголемен обем на работа, а со цел  да се излезе во пресрет на граѓаните при поднесените барања за издавање на Меѓународни возачки дозволи податокот за проверка на прекршочна санкција “забрана за управување на моторно возило“ во возачката дозвола на барателот ќе може да се обезбеди покрај во подрачните единици на Одделот за граѓански работи, и во Овластените правни лица за вршење на технички преглед каде што има упатено работник од министерството. 

 

 

 

10.07.2017 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега