Ковачев: Македонската историја е 100% фалсификат

 

Пратеникот во Европскиот Парламент од партијата ГЕРБ, на Бојко Борисов, Андреј Ковачев, во телевизиската емисија „Денот започнува“ на бугарската државна телевизија БНТ1 , од утринава, вели дека Македонија има 100% фалсификат историја и тоа е основата на која се базира договорот за добрососедство кој Заев го договори во Софија.

– Многу е јасно, се знае што има во тој договор. Станува збор за заедничката наша историја. Тоа е основата, тоа е базата, ние ја сакаме вистината и објективниот поглед на историјата, колку и историјата да е манипулирана, колку и историјата да се искористува за  политички цели на секаде низ светот и да е, ако може да се каже во голем процент неправилна, но во случајот со Македонија, не станува збор за манипулирани 10%, 20% или 30%, таму станува збор за 100% фалсификат на нашата заедничка историја, вели Ковачев.

 

 

 

10.07.2017 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега